Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против четири лца од струшкото село Лабуништа. Како што информираат од СВР Охрид, пријавените, казненото дело го извршиле на осми ноември 2016 година во куќа сопственост на лице од селото Новак, општина Центар Жупа, со насилно влегување преку прозорецот од првиот спрат.

Притоа одзеле една ловна пушка „Берета“ и еден револвер „Застава“ кои оштетениот ги поседувал со соодветна дозвола. Дополнително, одземени се и два оквири за пиштол со по 15 куршуми  калибар  9 милиметри, 30 куршуми за карабин, 15 куршуми за Магнум калибар 12 милиметри, 4 хилти и 1300 евра.

Со извршувањето на казненото дело, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од  околу 553.500,оо денари.

OhridNews