Во месец септември, годинава, 31 годишно лице од Белгија, по претходен договор со двајца охриѓани, го префрлил автомобилот на име на второпријавениот, по што требало откако, пријавените ќе го продадат автомобилот, да му пратат пари. Од тогаш па се до пријавувањето двајцата осомничени не го исполниле договореното, со што предизвикале материјална штета од 522.750 денари. Сектор за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против двете лица од Охрид за сторено кривично дело „измама“.
Сектор за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава и против едно лице од Полска и 20-годишен охриѓанец за сторени кривични дела “тешка кражба“ и “тешка кражба во обид“. Пријавените во текот на ноември годинава, во магацин во Охрид, со употреба на физичка сила, влегле и одзеле конструкции од чадори, со што предизвикале материјална штета од 1.980.000 денари.
OhridNews


_1.jpg)









