Оградата на детското игралиште во близина на градскиот плоштад чека на поправка. Бројот на дрвените даски кои се составен дел на оградата, со која се зголемува безбедноста на децата кои играат, секојдневно се намалува. Или се извадени, или оштетени, па лежат расфрлани наоколу.
Детското игралиште кое секојдневно го посетуваат голем број деца беше отворено во 2017 година, а беше направено со средства од локалната самоуправа и Македонската развојна фондација за претпријатија.
OhridNews















