По повод утрешната посета на претседателот на Република Полска, Бронислав Коморовски на Охрид,каде ќе оствари средба со македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов, од СВР Охрид информираат дека се преземаат и реализираат одредени неопходни мерки заради безбедно одвивање на планираните средби и програмските активности.
Со цел безбедно движење на возилата под придружба, на одредени патни правци и сообраќајници, привремено ќе биде ограничено движењето на моторни и друг вид на возила со физичко регулирање на сообраќајот. Се вршат писмени предупредувања на сите паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка“, но и во стариот дел од градот, каде полскиот претседател ќе посети дел од охридските културно-историски знаменитости.
– На оваа, но и на неколку други сообраќајници, нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Предвидено е отстранување на неправилно паркирани патнички и друг вид моторни возила, како и на оставени предмети по сообраќајните површини, информираат од СВР Охрид.
ОхриdNews