Собранието, во скратена постапка, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги .

Со изменетите одредби, од законското решение донесено пред еден месец, се изземаат електронските публикации, односно интернет порталите, а се предвидува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да има административен надзор врз печатените медиуми  и тоа врз одредбите за импресум, за заштита на малолетни лица од порнографски содржини и за јавност при работењето.

Со Предлог законот се додава нов став во кој се вели дека секое ограничување на содржините во медиумите треба да биде во согласност со праксата на Европскиот суд за човекови права.

Во Советот на Агенцијата за медиуми, со новите измени се предвидува да има два члена од новинарските здруженија МАН и ЗНМ.

OhridNews