Ограничувањето на пловидбата на скутери на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро стапува на сила од 20 јули.

Забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ со јачина поголема од 45 коњски сили  кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи од секој ден во периодот од 11 до 18 часот и на сила ќе биде до 20 август. – објаснува Љупчо Настоски од Капетанијатѕа на пристаништа Охрид. Одлуката  не се однесува само на скутерите кои се наменети за службени потреби за вршење на инспекциски, царински и полициски надзор.

Настоски појаснува дека ограничувањето е во насока на заштита на  посетителите на плажите и дека мерката е оправдана.

-Целта на оваа одлука не е само заштита на капачите, туку и заштита на животната средина и сметам дека е оправдана, истакна Настоски.

Тој најави дека во периодот на забрана Капетанијата на пристаништата во соработка со Министерството за внатрешни работи – Езерска полиција ќе врши редовни контроли во однос на почитувањето на законските прописи.

Граѓаните кои нема да ја почитуваат одлуката се соочуваат со глоба која во зависност од прекршокот се движи од 6.000 до 8.000 евра во денарска противвредност за правни лица кои не се придржуваат до ограничувањето за пловидба, од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за трговци-поединци. Ќе се изрекуваат и мандатни казни на лице место во износ од 600 евра во денарска противвредност.

OhridNews