Огромен попуст и дополнително намалување на веќе намалените цени на свечени фустани и машки костуми нудат бутиците „Емили“ кои се лоцирани во ТЦ „Амам“ на кат во Охрид и во струшката чаршија.

Сите кратки фустани може да се купат по цена од 900 денари, а долгите фустани се нудат по цени од 2.500 до 3.500 денари.

 

Исто така голем попуст има и на машките костуми кои може да се набават по почетна цена од 3.500 денари, а се уште е актуелен и попустот на машки и женски капути.

-Со оваа акција на нашите ценети купувачи кои во наредниот период ги очекуваат свечености им овозможуваме да купат елегантен фустан или костум по најниска цена. Ова е еден од најголемите попусти до сега, во нашите продавници и се надеваме дека ќе привлече голем интерес, велат од бутиците „Емили“.

 

Инаку бутиците „Емили“ веќе две децении се препознатлив бренд во Охрид и Струга, кој на купувачите им нуди производи со одличен квалитет и пристапни цени.

OhridNews