Дрвена скулптура на јагула долга 170 метри е поставена покрај Мостот на желбите што води до плажата Потпеш.


Скултурата што ја изработи охридскиот уметник Сергеј Цингуловски свечено ќе биде откриена денеска непосредно пред свеченото отворање на 50-то јубилејно издание на фестивалот Охридско лето. Таа ќе ги бранува водите на Охридското Езеро во наредните десет дена и ќе се обиде да влезе во Гинисовата книга на рекорди.



Скулптурата уметникот Цингуловски ја работел 9 месеци од  импрегрирана канадска топола. Таа е тешка два и пол тони, а заради стабилност во вода се поставени метални тегови.

OhridNews
фото: Васко Бујароски