Нашиот ценет охриѓанец Др. Павел М. Филев, претставник на третата генерација производители на оргиналниот охридски бисер, награден за пренесување на занаетчиството низ генерациите.
Др. Павел М. Филев со претседателот на Хрватското здружение на занаетчии, Далибор Кратохвил
Наградата му беше врачена на одржаниот форум на тема „Занаетчиството како важен дел на економијата и неговата визија за создавање на квалификувана работна сила во Република Северна Македонија“ што се одржа во организација на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија, со поддршка на Министерство за економија, а преку проект за промоција на занаетчиството и зајакнување на соработката со партнерите.
Филев истакна дека е среќен што брендот продолжува и после него, потенцирајќи дека има свои наследници на четвртата генерација кои иако магистри секој во својата област, ја продолжуваат фамилијарната традиција, ќерката Марија, магистер реставратор и конзерватор на метал и синот Димитар, археолог.
Во една држава без законодавството да го предвиди патот на занаетчии не може. Долги години тапкавме во место. Сега навистина имаме голем прогрес. Овој наш едновеквен бренд и припаѓа на културата и традицијата на македонскиот народ, светски признаен и светски ценет. Во семејството Филеви во овој занает жените имаат големо значење и во ниеден момент не може тоа да се потцени и воопшто не се сложувам дека занаетотот не се пренесува во женски раце, истакна Филев.
Покрај наградата на Филев, на настанот беа доделни уште две награди од страна на Занаетчиската комора за посебен придонес во занаетчиството, а беше потпишана и Декларација за соработка на занаетчиските комори на Србија, Црна Гора, Хрватска, Албанија и Косово.
Н.С.Ј.