На 12.02.2024 година во 01.20 часот, во СВР Охрид лишенo од слобода е 41 годишно лице од Велес, со привремено престојувалиште во Охрид.

Тој, се сомничи дека пред казино во Охрид, физички нападнал 49 годишна жена од Охрид по што и го одзел мобилниот телефон, информираат од СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews