Ноќеска во 00:30 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 30-годишен охриќанец.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62% промили алкохол во крвта, соопшти МВР.
Исто така ноќеска, во 02:51 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници од СВР Охрид запреле патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишен жител на Скопје.
По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,51% промили алкохол во крвта, информира МВР.
Вчера, пак, во 12:20 часот, на магистралниот пат А2 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишиле од слобода 30-годишен жител на Кичево.
При радарска контрола било утврдено дека управувал патничко возило „БМВ“ со кичевски регистарски ознаки со брзина од 125 километри на час во населено место каде брзината е ограничена на 50 километри на час, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, соопшти МВР.
По целосно документирање на случаите, против тројцата ќе бидат поднесени пријава соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, посочуваат од Министерството за внатрешни работи..
OhridNews