Едно лице го загуби животот, а три се повредени во сообраќајна несреќа која околу пладне се случила на магистралниот пат Гостивар – Кичево на превојот Стража.

Возачот на „шаранот“ 49 годишно лице од Охрид починало на самото место, а три лица – странски државјани од Англија и Суринам (Јужна Америка) се здобиле со повреди. Повредените набрзо се пренесени за укажување на лекарска помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.
На местото на несреќата увид вршат јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
OhridNews













