Охриѓанецот Александар Ќулукоски Цацанито повторно меѓу првите 30/1 на светската Counter CS2 платформа откако стана дел на тимот JiJieHao и се натпреваруваше во SEA регионот. Цацанито се вбројува меѓу најдобрите играчи во електронскиот свет на “Е-Спортот“.

Во тимот во кој беше и охриѓанецот „Цацанито“ македонската репрезентација стана светски шампион во кантер во 2021, а успехот го повторија и во 2022 година.

„Кантер 1.6“ започнал да игра додека бил во основно училиште. Модифицираната верзија позната како „Глобал Офензив“ разбудила уште поголем интерес кај охриѓанецот кој од 2017 година константно се пробива меѓу топ играчи во светот.

OhridNews