Охриѓанецот Христијан Ристески го објави првиот сингл „Coming Home“ од дебитантскиот џез албум „Waters Dance“
21.07.26 13:56
Охриѓанецот Христијан Ристески го објави првиот сингл „Coming Home“ од својот дебитантски џез албум „Waters Dance“, проследен со видео спот дело на Даниел Јовески.
„Waters Dance“ е авторски џез проект на Христијан Ристески, саксофонист и кларинетист кој моментално е на мастер студии на Џез институтот во Грац, Австрија. Албумот претставува лична музичка приказна во која се преплетуваат неговите искуства, различните музички влијанија и патот што го гради како уметник.
Првиот сингл „Coming Home“ носи лична приказна инспирирана од чувството на враќање и поврзаноста со неговото потекло, но од нова перспектива – низ искуствата и промените што го обликуваат неговиот музички пат.
Албумот е снимен во октомври 2025 година во ArteSuono Studio во Удине, Италија, со звук-продукција на Stefano Amerio, добитник на Grammy Award. На проектот настапува Христијан Ристески Квартет, составен од Христијан Ристески, пијанистот Марко Црнчец од Словенија, контрабасистот Хрвоје Краљ од Хрватска и тапанарот Крис Смит од САД.
Христијан Ристески е добитник на наградата за најдобар млад џез-музичар во Македонија за 2025 година на Jazz Factory Festival („Гоце Димитровски“) и еден од младите македонски џез музичари кои својот уметнички пат го развиваат на европската сцена.
„Coming Home“ е првата композиција од претстојниот албум „Waters Dance“, кој ќе биде објавен на 2 октомври 2026 година. Со оваа песна, Ристески ја започнува приказната за својот прв авторски албум, во кој ги спојува досегашните искуства и новите музички хоризонти.
Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред деветнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб Една од традициите з...
Охриѓанецот Александар Петрески објави уште една инструментална композиција од неговиот серијал „Calmness“ Oва е шестата композиција инспирирана од Охридското Езеро Традиционално секоја година комп...
Македонскиот саксофонист и кларинетист Христијан Ристески го објави новиот видеоспот за „High Away“, последниот сингл пред неговиот дебитантски албум „Waters Dance“, кој официјално ќе биде објавен ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.