Охриѓани им оддаваат почит на загинатите во пожарот во Кочани кои денес беа испратени до вечните почивалишта
20.03.25 14:37
Охриѓани и денеска им оддаваат почит за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Граѓаните палеа свеќи на градскиот плоштад во чест на починатите во ужасната трагедија.
Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро. Погребната церемонија ја предводеше поглаварот на МПЦ-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, во сослужение со неколку владици. Погребни церемонии имаше и во Штип, Пробиштип и Облешево во различни периоди. Со починатите се простија членови на нивните семејства, роднини, пријатели, нивни сограѓани…
Членовите на бендот ДНК кои починаа во пожарот беа погребани во Скопје, Струмица и Штип. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев е на градските гробишта во Струмица. Во Штип се погребани Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов.
Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков денес оствари средба со амбасадорот на Република Турција (Туркије), НЕ Фатих Улусој и почесниот конзул во Охрид, Абдураман Бајрактар Како што информир...
Младиот охриѓанец Илија Аврамоски е лиценциран ски инструктор за лица со физичка попреченост Тој работи со овие лица во Словенија каде се дообразува на Универзитетот во Љубљана, а повремено е ангаж...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој ја предводи македонската делегација во рамките на работната посета на Кралството Шпанија, вчера во Мадрид оствари средба со Шаика ал Новаис, генера...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.