Ова година охриѓани го прославија празникот Водици и во швајцарскиот град Цуг.
Мал круг “велики љјуди” (шо би рекол покоен Масимо), се собравме да го прославиме денешниов ден со мезе, пача и топла ракија. Иако Швајцарија знае да биде доста ладна во овој период воздушната температурите денес беа околу нулата, а температурата на езерото 4 степени. Лајв стримот од ohridnews ни беше репер кога официјално светиот крст се фрли во Охрид и кога водите беа осветени, за и ние да влезиме во ладните води на езерото Zugersee. Со порака за здравје, мир и љубов ви го честитаме најубајот Охридски празник од мала група Охриѓани во Швајцарија. – порачаа нашинците кои живеат во прекрасната планинска земја.
Охриѓани не ги заборавија Водици ниту во Швајцарија
Г.М.

















