Фондацијата „Доктор Лефтер Манче“ за првпат оваа година, вчера, по повод неговиот 90. роденден и основањето на Фондацијата, го додели престижното признание и парична награда за најдобар студент на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Алма Шемо од Охрид и Стефан Спасовски од Скопје.

Ова високо признание е потврда за нивната извонредна посветеност, научна истрајност и љубов кон македонскиот јазик и книжевноста.

Алма Шемо и Стефан Спасовски се издвојуваат како студенти со континуирани академски успеси, активна ангажираност и придонес кон афирмацијата на македонистиката.

Со доделувањето на оваа награда, Фондацијата „Доктор Лефтер Манче“ ја истакнува својата мисија да ги поддржува младите филолози, охрабрувајќи ги да го негуваат и чуваат македонскиот јазик како темелна духовна и културна вредност.

Алма Шемо минатата година ја доби наградата за најдобра беседа во чест на Прличев за беседата „Адет госпоари“.

 

OhridNews