Случајот бил регистриран вчера во  15:00 часот. Полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 41-годишен жител на Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.

При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа запалка која била одземена за натамошна постапка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

OhridNews
Фото: Архива