Полициски службеници од СВР Охрид вчера привеле 35-годишен охриѓанец, кој на улицата „Пере Тошев“ во градот бил затекнат при кражба од патничко возило „Рено“.

Како што информира МВР, возилото „Рено“ со охридски регистарски ознаки, било сопственост на 36 годишен охриѓанец кому му биле вратени одземените предмети, пронајдени кај сторителот.

По целосно документирање на случајот против 35 годишното лице ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

OhridNews