Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 26-годишен охриѓанец.

  • Пријавениот, казненото дело го сторил  на 25 април оваа година на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, движејќи се зад невенчаната сопруга и упатувајќи и сериозни закани по нејзиниот живот, предизвикувајќи и чувство на страв, вознемиреност и несигурност. Во еден момент, сега пријавениот почнал и да ја влече за коса по што избегал од местото на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.