Огромен успех постигнаа учениците кои ја претставуваа Македонија на Јуниорската балканска математичка олимпијада што се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, каде освоија четири медали, соопшти Сојузот на математичари на Македонија. Меѓу натпреварувачите со одличје е и ученикот од IX одделение во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид Леонид Тодороски, кој освои сребрен медал.

Дамјан Давков – ученик во IX одделение при ООУ „Ванчо Прке“-Штип освои златен медал, а Димитар Фидановски, ученик во I година при ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје и Марко Серафимовски, ученик во IX одделение при ООУ „Владо Тасевски“, Карпош, Скопје, освоија бронзени медали.

Леонид Тодороски е наградуван ученик и освојувач на бројни одличја на натпревари во знаење.

OhridNews