СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба” и „тешка кражба во обид”. Во  периодот од 29.01.2019 до 30.01.2019 на подрачјето на Кичево, во две ќуќи, две џамии и две амбуланти, пријавениот со употреба на физичка сила влегувал внатре и одземал пари.

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 44-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Во Охрид на ул. „Охридска бригада” пријавениот, како инвеститор, без одобрение за градба, изградил станбена куќа.

OhridNews