На улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, вчера, околу 18 часот, при преземање мерки од областа на безбедноста, полициски службеник бил физички нападнат од страна на 53-годишен охриѓанец.

Истиот е приведен во полициската станица и, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews