На булевар „Туристичка“, вчера, околу 18.45 часот бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на охриѓанец врз негов 62-годишен сограѓанин.

Полициската станица од Охрид презема мерки за пронаоѓање на напаѓачот, пошто против него ќе биде поднесена пријава.