На улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид, полициски службеници, од 18 годишен охриѓанец, одзеле патничко моторно возило марка „Застава“ со охридски регистарски ознаки со пет кубни метри огревно буково дрво, поради воочени неправилности.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава во согласност со членот 235 од Кривичниот законик и членот 69 од Законот за шуми. – соопшти СВР Охрид.
Исто така вчера, во 14,30 часот, во угостителски објект лоциран во автокампот „Градиште“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од скопјанец и пештанец врз 38-годишен охриѓанец.
Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава. – информира полицијата.












