На 28.08.2022 во 14.00 часот во СВР Охрид, 40-годишен охриѓанец пријавил дека пред хотел во Охрид бил физички нападнат од две лица, при што се здобил со повреди констатирани во Медицински центар Охрид.
Неофицијално, се работи за висок функционер на раководна позиција во државна установа со седиште во Охрид. Причините за инцидентот, засега се непознати.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.
Во денешниот билтен охридската полиција уште информира дека во два одделни случаи приведени се две лица од Охрид поради поседување марихуана.
OhridNews












