Не престануваат успесите на генијалецот од Охрид. Лео Нелоски е прогласен за државен првак на Македонија.
На Јуниорската Математичка Македонска Олимпијада која се одржа на 07.06.2022 година во Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде учествуваа математички најталентираните деца во Македонија, Лео Нелоски го освои сребрениот медал.

Лео е ученик во ООУ„Григор Прличев“-Охрид. Неговата наставничка и ментор Анита Николовска и училиштето се гордеат со нивниот генијалец.
OhridNews











