Финалето во Купот на Македонија во кое ќе се сретнат екипите на Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев ќе биде со охридски шмек, откако Судиската организација во ФФМ довербата да го суди мечот му ја додели на Марјан Ецкоски.

Охриѓанецот Ецкоски е еден од најискусните и најдобрите судии во македонскиот фудбал и делењето на правдата во финалето од најмасовното клупско натпреваруње ќе му биде награда за досегашнито дел од кариерата.

Асистенти на Ецкоски ќе му бидат Ѓорги Карајанов од Гевгелија и Илчо Јордановски од Прилеп. Четврти судија е Никола Божиновски од Скопје. Позади головите судии се Зоранчо Темелков (Кавадарци) и Петар Мантев (Неготино).

Финалниот натпревар во Купот на Македонија се игра среда (утре) со почеток во 18 часот и 30 минути на Националната арена „Тодор Проевски“.

OhridNews