Охриѓанецот Мартин Георгиевски направи голем исчекор во репрезентативната кариера, добивајќи ја капитенската лента во македонската селекција до 16 години, предводена од селектор Тони Јакимовски.

„Црвено жолтите“ во контролниот натпревар со Русија во турскиот град Анталија изгубија со 3-1, но поразот не го намалува достигнување на Георгиевски.

Георгиевски кој е плод на Фудбалската школа „Фер плеј“ од Охрид моментално настапува за Академија Пандев, а светската криза предизвикана од коронавирусот спречи негов сензационален трансфер во Бенфика, Португалија.

OhridNews