Охриѓанацот Наум Танески го освои сребрениот медал на пет километарската трка во склоп на Атлетскиот настан „Трчај Бе“, кој вчера се одржа во Битола.

Танески кој е член на Атлетскиот клуб Охрид трчаТ делницата од пет километри ја помина за 17 минути и 40 секунди. Прв низ целта помина Кристијан Стојани со време 16:44 додека третопласиран заврши Григоријан Никовски. Во женска конкуренција на пет километри победи Милјана Ристиќ.

Охридската експедиција настапи со 20 натпреварувачи во машка и женска конкуренција на 5 и 10 километри а Танески оствари најзабележителен успех.

На 10 километарската трка во машка конкуренција победи Кокан Ајановски, додека во женска триумфираше српската атлетичарка Теодора Симовиќ.

Резултати: 

10км

Мажи:

1. Кокан Ајановски (МКД) – 33:45

2. Атанас Анчевски (МКД) – 34:25

3.Димитар Петровски (МКД) – 34:29

Жени:

1. Теодора Симовиќ (Срб) – 34:50

2. Адријана Поп Арсова (МКД) – 37:29

3.Билјана Кираџиева (МКД) – 38:30

5км

Мажи:

1. Кристијан Стојани (МКД) – 16:44

2. Наум Танески (МКД) – 17:40

2. Григоријан Никовски (МКД) – 17:41

Жени:

1. Милјана Ристиќ (МКД) – 19:51

2. Виолета Ивановиќ (МКД) – 21:40

3. Марија Пеликон (МКД) – 22:23

OhridNews