Досегашниот директор на Царинската управа Ѓоко Танасоски без образложение е разрешен од функцијата, на денешната седница на Владата. На негово место за вршител на должноста директор е назначен поранешниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески, соопшти Владата, без притоа да бидат изнесени детали за промената.
Танасоски беше еден од ретките кадри од Охрид на јавна функција на централно ниво. OhridNews неофицијално дознава дека тој не бил воопшто информиран за смената и за истата разбрал од медиумите.

Г.М.












