Викендов Општина Охрид ги отвори вратите за граѓаните и нивните идеи и предлози за буџетот на локалната самоушравба во 2023 година.
И денешниот отворен ден изобилуваше со интересни идеи и предлози. Среќен сум што Охриѓани во голем број ни пристапуваат со идеи и проекти и со тоа покажуваат дека Охрид ни е подеднакво важен на сите. – напиша на Фејсбук градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.
Отворен ден за идеи и предлози за новиот општински буџет ќе има и утре, недела, од 11 до 14 часот, исто така во просториите на Општина Охрид.
OhridNews