Фудбалерите на Охрид, в недела со почеток во 15 часот и 30 минути, пред своите гледачи на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го пречекаат аспирантот за висок пласман во Втората лига-запад, Пелистер.

Охридските фудбалери, немаа старт каков што посакуваа и ги изгубија трите натпревари, додека битолчани со две победи и еден пораз чекорат по зацртаниот план.

  • Екипата на Пелистер на гости ни доаѓа во најлошиот момент за нас. Меѓутоа и покрај лошите резултати на стартот од сезоната, мора и треба да најдиме мотивација да одиграме еден добар натпревар со срце и да покажеме дека не случајно сме дел од Втората лига. Трите порази се еден вид трезнење за нас. Да видиме дека нема лесен меч, нема лесен противник и нема лесни бодови. Извлековме многу поуки од трите порази и се надевам дека против Пелистер ќе го покажиме вистинско лице. – изјави тренерот Марино Маркоски.

Дефанзивецот во охридскиот состав, Мартин Лекоски смета дека борбата за бодови допрва претстои и оти не е ништо загубено и не успесите на стартот од сезоната.

  • Моментално сме во резултаската криза, но атмосферата не е нарушена и тоа ми даве мене многу надеж а секако и на целата екипа. Младоста во екипата и не воиграноста си го направи своето на почетокот на сезоната и исто така и притисокот имаше влијание. Не е ништо загубено. Не очекува дуел со Пелистер кој има големи амбиции и очекувања. Ќе биде супер натпревар како за нас, така и за гледачите кои ќе имаат можност да уживаат во едно локално дерби после подолг период. – истакна Лекоски.

После репрезентативните обврски со селекцијата до 21 година во тимот на Охрид се врати голманот Даниел Котески. Тој имаше пофални зборови за клубот и атмосферата во екипата.

  • Во Охрид се чувствувам како дома. Прифатен сум одлично, очекувам и сакам многу од оваа екипа. Борбата за бодовите допрва престои и не смееме да дозволиме поразите да ја разнишаат добрата атмосфера во екипата. На секој може да му се случи да ги изгуби првите три натпревари а потоа да се разигра и да ги донесе работите под контрола. Одиме да се надигруваме со Пелистер, кој сигурно во Охрид ќе допатува по бодовите, но и ние си имаме своите квалитети кои ќе треба да ги покажеме. – потенцираше голманот.

Билетот за влез на стадионот чини 50 денари а најавено е приствуво на двете навивачки групиа „Рибари“ и „Чкембари“, што го прави овој натпревар по интересен и привлечен.

Михаил Постоловски