Ноќеска во 02.45 часот на улицата „Абас Емин“ во Охрид, при преглед во патничко возило „Цитроен Берлинго“, сопственост на 48-годишен охриѓанец, полициски службеници пронајдоа и одзедоа три кеси со марихуана, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Дополнително, во близина на неговиот дом на истата улица, пронајдени биле и шише со течност и марихуана.
Лецето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Димовски.
Претходниот ден во 17.20 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, при преглед на патничко возило „Ренџ Ровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишно лице од Скопје, полициски службеници пронашле и одзеле кеса со марихуана.
Возачот и сопатникот (19) од Охрид се приведени во СВР Охрид и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од охридската полиција.
Претпладнево, пак, во 11.35 часот, во СВР Охрид, 41-годишен охриѓанец, пријавил дека пред угостителски објект, бил физички нападнат од локален бизнисмен и советник (45) од Охрид. Неофицијално на инцидентот му претходела расправија во која бил инволвиран уште еден бизнисмен.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, соопшти СВР Охрид.
OhridNews












