Во Лопаре, Република Српска, деновиве се одржува четвртиот собир на акцијаши од поранешна Југославија. На собирот учествуваат некогашни акцијаши од Охрид, од акцијашкиот клуб „Брег на младоста“.

Лопаре овие денови ќе биде центар на светот. Тука дојдовме да ги оставиме душата и срцето, бидејќи имаме сто души и сто срца. – вели во изјава за телевизијата „BN“ охриѓанецот Зоран Стевоски од акцијашкиот клуб „Брег на младоста“.

Средбата на акцијашите во Лопаре станува традиционална манифестација, на која од година во година има се повеќе учесници, поранешни акцијаши, пренесува телевизијата BN“.

OhridNews
извор: „BN“