Охридските ракометари нижат победи во Супер лигата и признанија на индивидуален план. „Гладијаторите“ на домашен терен во 9-та рунда го совладаа Металург а награда од специјализираната ракометна страна „24ракомет“ доби Иван Тасески, кој е дел од тимот на колото.

Тасески се истакна со играта во одбрана и заедно со Борче Соколов го износија товарот. Во нападот го задржа високото ниво и беше еден од порасположените ракометари. Пивотменот порано го заврши мечот откако противничкиот играч Лука Стојановиќ неспортски стартуваше и го повреди Тасески. Тој ќе биде фит за дуелот со Пролет.

Еден од најискусните во редовите на Охрид, Иван Тасески продолжува со добрите игри. На средбата против Металург 2 уште еднаш покажа дека искуството може да одигра значајна улога на овие средби. – стои во објаснувањето од „24ракомет“.

Осум рунди по ред има минимум еден ракометар во идеалниот тим на колото. Единствено охридски претставник немаше во првата рунда кога клубот изгуби од Пролет.

Тимот на колото:

Голман: Марко Кизиќ (Вардар Јуниор)

Лево крило: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

Лев бек: Дејан Кукуловски (Вардар Јуниор)

Среден бек: Иракли Кбилашливи (Металург)

Десен бек: Мартин Серафимов (Металург)

Десно крило: Мартин Поповски (Пролет)

Пивот: Иван Тасески (Охрид)

OhridNews