Охриѓани денес одлучуваат кој во наредните две години ќе ја извршува функцијата градоначалник на градот. Воедно, треба да се изјаснат и за тоа кој ќе застане и на чело на државата.

Граѓаните со најразлични очекувања од новиот татко на градот и претседател на државата.

  • Важно е да биде подобар од претходниот, да се грижи подобро за градот
  • Дојдовме од странство во Охрид за Велигден и за гласањето, би сакал во државата подобро да се живее, да функционира како што треба, како во странство, да нема пороблеми, особено за младите.

  • Да се подобри состојбата особено за младите, да има повеќе вработувања, поголеми плати и пензии, очекувам новиот градоначалник да биде поуспешен
  • Редовно излегувам на избори и покрај моите 88 години, и претседателот и градоначалникот повеќе треба да се грижат за сиромашните,

  • Да поминат изборите мирно, да се уредува повеќе Охрид, кој ќе победи нека победи
  • Се надевам дека подобриот ќе победи, важно е да поминат мирно изборите
  • Се надевам дека тоа што го ветија ќе го исполнат, велат анкетирани граѓани.

Од 7 часот сите гласачки места во општина Охрид се отворени и засега, гласањето се одвива непречено и во мирна атмосфера.

Во вториот круг од локалните избори охриѓани одлучуваат помеѓу кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски и кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески кои во првиот круг освоија најголем број гласови од граѓаните.

OhridNews