Бројни охридски уметници меѓу кои Камелеон, Ѓоко Танески, Le Trick, Броз, Backdoor band, Aлександар Јосифовски, Јован Куциноски, Никола Тодороски и други, зедоа учество на хуманитарниот хепенинг за помош на 12 годишното момче Јован Андреески, што се одржа вечерва на малиот плоштад кај Долна порта.
Настанот се одржа на иницијатива на Општина Охрид, во соработка со охридскиот Црвен крст и охридските уметници, а собраните средства ќе бидат донирани за лекување на младиот Јован, со цел да се избори со здобиената тешката повреда на вратниот пршлен.
Да му помогнеме на Јован повторно да застане на нозе и да го продолжи детството како што заслужува секое дете, напиша на Фејсбук градоначалникот Константин Георгиески, кој беше меѓу присутните на хуманитарниот хепенинг.

Жиро сметка: 210 – 700000666623 НЛБ Банка (донации од Македонија)
Девизна жиро сметка: МК07210501751597434, SWIFT TUTNMK22 (донации од странство).
Фото галерија:
OhridNews
Фото: А. Момироска


















































