Охриѓаните Љупче Трпески и Александар Целески се на излезна врата од Кораб, иако со клубот имаа успешна мисија изборувајќи опстанок во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Охридското дуо кое во Кораб се пресели од Струга Трим Лум беше двигател на екипата минатата сезона. Трпески беше неприкосновен столб во последната линија од екипата, додека Целески со 10 погодоци беше прва виолина во нападот.

На адресата од Трпески и Целески стигнати се неколку понуди за соработка. Двајцата фудбалери најавуваат дека ќе ја одберат најдобрата за продолжување на кариерата.

OhridNews