Синоќа во 22 часот во СВР Охрид, 39-годишна жена од Охрид пријави дека, околу 21.30 часот охриѓанец физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.

Ова е втор ваков случај ова лето во Охрид. На 4-ти овој месец,  27-годишна скопјанка пријавила дека била жртва на обљуба во хотел во Охрид.

OhridNews