Охриѓанката Маја Ангеловска, денеска, точно на пладне, ќе го одигра последниот натпревар во дресот на македонската женска фудбалска репрезентација. „Црвено жолтите“ во финалниот меч од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство, силите ќе ги одмерат со селекцијата на Казахстан.

Долго размислував и одлучив да се повлечам од репрезентацијата. Натпреварот со Казахстан ќе биде мој последен во македонската селекција. Се повлекувам од лични причини. На сите девојки, селекторот и стручниот штаб им посакувам многу среќа и успех понатаму. – изјави Ангеловска.

Маја Ангеловска, втора од лево кон десно

Почнувајќи од 2010 година, Ангеловска е дел од македонската селекцијата. Репрезентативната кариера ја започна во У17 селекцијата, а чекор по чекор се пробиваше до А селекцијата. Неофицијално, охриѓанката има запишано над 50 настапи за најдобрата македонска селекција.

Клупската кариера Ангеловска ја започна во Охрид, а потоа играше за прилепска Победа, скопските екипи Наше Такси, Единство и Драгон, Кочани и струмичка Тиверија. Прв интернационален предизвик и беше Олимпија Љубљана, а моментално настапува за Крим Љубљана.

Мх.П.