Женската репрезентација на Македонија, со триумф ги заокружи мечевите во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство, откако на гостински терен, со високи 3-0 (3-0) славеше во дуелот со Казахстан.

Средбата помеѓу Казахстан и Македонија беше последна во националниот дрес за охриѓанката Маја Ангеловска. Таа, вчера, најави дека се повлекува од репрезентацијата, после десет години поминати во сите категории од македонската селекција.

„Црвено жолтите“, триумфот во Казахстан го обезбедија после 45 минути игра. Најофанзивната фудбалерка Гентјана Рочи постигна два погодоци после асистенција на Наташа Андонова, а треиот гол беше дело на Елма Шемсовиќ.

Македонија квалификацискиот циклус го заврши со две победи и шест порази, на претпоследното место на табелата во групата.

OhridNews