Погребот на прерано починатиот фотограф и продуцент Кристијан Љушев, кој го загуби животот во трагичен настан што се случи вчера во станбена зграда во изградба, ќе се одржи на 14 јануари, среда, информира неговото семејство.

Кристијан Љушев (21.04.1997 – 12.01.2026)

28-годишниот Кристијан и припаѓаше на новата генерација креативци и зад себе остави бројни проекти кои допреа до широка публика. Работеше активно во различни сфери, од реклами до документарни филмови. Автор е на бројни видео спотови за музичари, а работеше и на интернационални проекти. Соработуваше со Александар Јосифоски, Мартин Милески, Влатко Броз и Марама и многу други.

Ги бележеше традициопналните настани и случувања во Охрид и регионот, а учествуваше и во проекти за Бигорскиот манастир.

Веста за смртта на младиот Кристијан Љушев со неверување одекна во заедницата. Од него се простуваат блиските и пријателите кои се во шок по веста за трагичниот настан.

Тие ќе се простат од Кристијан од капелата на градските гробишта во Охрид, утре, 14 јануари, од 12 до 12:30 часот, по што тој ќе биде испратен кон вечното почивалиште.

, OhridNews