Пријателска фудбалска средба одиграа меѓу лидерот во второлигашката фудбалска конкуренција Охрид ’04 и бугарскиот Сливнички херои, лидер во третата фудбалска лига југозапад е почеток на едно ново пријателство .


Гостите го добија мечот со 3-2, а пред мечот фудбалерите и дветете раководства во присуство на бугарскиот конзул во Македонија ,  го посетија спомен обележјето на Кејот на езерото и положија свежо цвеќе во чест на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа која се случи на 5 септември 2009 година.


Со оваа посета сакаме да им укажеме чест на загинатите бугарски туристи, но и благодарност до охриѓани кои не себично се залагата и помагаа во бродската несреќа која се случи во водите на Охридското езеро.  Спортот е голем феномен кој ги зближувам државите и народите и јас се надевам дека тоа ќе се случи со нашите два клуба, кои во иднина ќе ги надградуваат пријателските односи – рече менаџерот на Сливнски херои, Венцислав Рангелов


Претседателот на Охрид ’04 Гоце Малезанов најави долгогодишна соработка со бугарскиот клуб како и приближување на овие два клуба. –  Ваквите трагедии само го зближуваат народите, штета што нас мораше да ни се случи тоа за да се спријателиме.  На прагот сме на едно долгогодишно пријателство кое ќе продолжиме да го градиме со средби во Охрид и во Сливница – истакна Малезанов.

М.П.