Второпласираниот тим во Втората МФЛ, Охрид`04 паузата во домашниот шампионат ќе ја искористи за да одигра контролен натпревар со битолски Пелситер.


Поради зафатеност на терените во Охрид, тест средбата ќе се одигра на стадионот на Пелистер, под “Тумбе Кафе“.  Не му цветаат розите на битолскиот лигаш сезонава, кој по одиграните девет кола се наоѓа на предпоследното место на табелата со пет освоени бода.

М.П.