Спортскиот директор на Фк Охрид 2004 , Гоце Маркоски го искажа незадоволството од делегирањето на судиската тројка за дерби мечот наредниов викенд во Прилеп. Тетовчанецот Јоспи Бартон е делегиран за главен судија за мечот меѓу второпласираниот Охрид и 11 Октомври еден од аспирантите за влез во Првата лига.

– Дербито на колото му е доделено на Јосип Бартон, судија кој лани без потреба ни го прекина мечот против Локомотива во Велмеј, по кој бевме драстично казнети и претпревме голема финасиска загуба, патувајќи и играјќи ги мечевите надвор од Охрид.  Годинава на куп мечот со Силекс во првата рунда од националниот куп на “Билјанини Извори“ бевме оштетени од истиот тој судија, а сега тетовчанецот ни е делегиран во Прилеп на дербито со 11 Октомври.

Судиската организација мора да обрне повеќе внимание на арбитрите кои ги делегира на нашите мечеви. Ние заедно со Миравци, Тиквеш и 11 Октомври сме  главните фаворити за влез во елитата, и бараме да се применува истиот аршин за нас како и за нашитете опоненти. Натпреварите на нашите конкуренти ги водат прволигашки судии, додека на нашите се делегираат судии кои допрва го учат занаетот. Ние не бараме помош од судиите, туку бараме 50-50 реално судење.

Конкретно за мечот со Влазними, езерското дерби кое имаше доста набој, судијата Костенчев мечот го водеше и на наша и на нивна штета, таквото делење на фудбалската правда прави раздор меѓу клубовите, а ние најмалку што сакаме е да се караме со нашите соседи. – вели Гоце Маркоски , спортскиот директор во ФК Охрид.

OhridNews