Рибарите  останаа теоретски во игра за бараж натпревар за опстанок во второлигашкото друштво , откако со 3-2 на Билјанини Извори го победија Миравци.Натпреврот  се одигра во тешки услови за игра, а поснаодливи беа домаќините кои до победата и нови три бода стигнаa со пресврт во вториот дел.

Меди во третата минута со погодок ја круниса комбинацијата на Јованоски и Далчев ,а по половина час игра гостите го изедначија резултатот преку Мижоров.Стартот на втортиот дел им припадна на “црвено – жолтите“ , а добрата игра ја потврдија со погодокот на Ѓоргов по додвањето на Мижоров.

По приемениот гол охриѓани, знаејќи дека пораз значи преселба во понизок ранг, нападнаа кон голот на Минчев. На 15 минути пред крајот, капитенот Танкоски  со глава погоди за ново израмнување, додека комплетниот пресврт домашните го комплетираа во 84 минута, преку Ивановиќ, кој одлично реагираше по додавањето на Никодиноски.

Во последната рунда од шампионатот, охриѓани сламката за спас ќе ја бараат кај новиот прволигаш Шкендија во Тетово.

М.П.