Охридските бели претрпеа убедлив пораз од 4-1 на гостувањето кај Шкендија во Тетовои и како последно пласирани го завршија овогодинешниот шампионат.

Доколку ФФМ ја потврди одлуката за скусување на второлигашкото друштво од 14 на 12 екипи, Охрид ќе испадне. Доколку пак ФФМ ја прифати иницијативата за зголемување на лигата на 16 екипи нема никој да испадне, а првопласираните во третите лиги без бараж ќе играат во втората лига.

Резултати последно коло
Брегалница – Новаци 1-1
Влазними – Напредок 2-3
Дрита – Локомотива 3-1
Скопје – 11 Октомври 2-0
Цементарница – Беласица 4-1
Шкендија – Охрид 4-1
Миравци – Влазерими 3-0

Наредната година прволигашки статус обезбедија Шкендија, Скопје и Напредок. Брегалница ќе игра бараж за влез во елитата против Милано.

М.П.