Дисциплинската комисија при ФФМ го казна ФК Охрид со одземање на три бода. Во одлуката се вели :

Ф.К.”Охрид2004″ Охрид се казнува со одземање на 3(три) бода од бодовното салдо во натпреварувачката 2009/2010 година ,поради неоправдано недоаѓање на првенствениот фудбалски натпревар од 21 коло на втора МФЛ со Ф.К.”Новаци 2005″ во Новаци кој натпревар со Одлука на комесарот за натпревари беше насочен да се одигра на ден 21.04.2010 година во 16 часот во Новаци”.

По оваа одлука на ФФМ , Охрид `04 се најде на последното место на табелата во Втората МФЛ.