Домаќините доминирале на мечевите од втората лига . По 13 одиграни рунди одиграни се вкупно 91 натпревар. На 50 од нив славеле домаќините , 22 меча завршиле без победник додека само 19 пати се радувале гостите. Охрид има најмногу победи во лигата девет во 13 – те рунди.


Најмногу домашни победи беа забележани во осмата и десетта рунда кога на шест меча славеа домаќините. Во осмата рунда како гостин цел плен извлече Ринија кај Локомотива со 2-0,  додека во десеттата  Новаци освои бод кај Дрита 0-0.

Најмногу гостински победи по три се забележани во второто, деветтото, единаесеттао и тринаесетто коло. Единствен тим кој има 100 настотен ефект на домашен терен е Охрид кој победи во шестте меча , Тиквеш, 11 Октомври и Еуромилк во седумте кола забележаа по пет победи, додека Миравци во шест меча избори пет победи.


Најмногу нерешени средби одиграле Риниа и Дрита по пет. Риниа на домашен терен ремизираше во два наврати, три пати на гости, додека Дрита сите пет ремија го забележа на домашен терен.

Четири екипи по три пати се радувале на гостински терен. Охрид , 11 октомври, Тиквеш и изненадувачки Дрита е на оваа листа.

Натпреварите од Втората Македонска фудбалска лига продолжуваат на 6 март 2011 година.

М.П.